Иванова: ВМРО-ДПМНЕ произведува режиран хаос за законот за бранители

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ јавно призна дека произведува  режираниот хаос. Нема да дозволам да бидам вовлечена во сценариото на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ“, вака реагира претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова, на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, да прекине расправата по законот за бранителите и комисијата како матично тело да разгледа девет закони по скратена постапка, предложени од Владата , а се однесуваат на пензиското и инвалидското осигурување  и социјална помош.

Вељаноски, треба да ја преземе одговорноста и за  водењето на седницата за Законот за бранители, ова е ставот на Иванова, по брифингот кај првиот парламентарец Трајко Вељаноски дека има право да закаже седница на Комисијата ако Иванова не сака да го стори тоа.

Се повикува на  собраниските прописи во кои  стои:седница на работното тело свикува претседателот на работното тело. Претседателот свикува седница и ако тоа го побара претседателот на Собранието или најмалку една третина од членовите на телото, кои треба да достават материјал за прашањето што предлагаат да се стави на дневен ред на седницата.
Ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата ја свикува претседателот на Собранието.

Претседателката на Комисијата, Цветанка Иванова останува на ставот, до завршување на Законот за бранители, друго во Комисијата нема да се разгледува.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги