Иванова: Законот за вработување и осигурување е неуставен

Од:

Власта и опозицијата денеска се судрија за измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Цветанка Иванова од СДСМ рече дека ова е уште еден закон со кој се кратат правата на граѓаните во Македонија.

„Овој закон е спротивен на Уставот, со кој е загарантирано правото на работа и на достапност на секое работно место. За да останете во списокот на Агенцијата на невработени треба да прескокнете многу пречки“, рече Иванова.

Побара Владата да го повлече законот. Ова за власта е неприфатливо, бидејќи како што рече министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристоски никој нема да биде избришан од евиденцијата.

Појасни дека ќе се воведат два типа на евиденција – евиденција на лица кои активно бараат работа и евиденција на лица кои не бараат активно работа, а остануваат евидентирани во списокот на Агенцијата за вработување заради остварување на други социјални права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?