Иванова: ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотреби бранителите за политичко пазарење со ДУИ

Од:

СДСМ укажува , дека не само што не го спречуваше покачувањето на пензиите и социјалната помош, како што јалово се обиде да не обвини ВМРО-ДПМНЕ, туку и со амандмани  интервенирале, покачувањето да стапи на сила, веднаш, од 1-ви јануари, како што им беше ветено на пензионерите, а не предизборно од 1-ви март, како што Владата предложи. За жал, велат,  овој предлог ВМРО ДПМНЕ го одби и го покажа своето лицемерие.

„Политичкиот театар кој владејачкото мнозинство го прави со Законот за бранители продолжува, овој пат со главна улога на претседателот на собранието Трајко Вељановски. Веќе четири дена г-нот Вељановски, со писмо е запознаен, дека има обврска, исто како со пакетот социјални закони, да свика и седница на која ќе се продолжи расправата по Законот за бранители.Веќе четири дена, г-нот Вељановски седницата не ја свикува и очигледно бара начин како повторно одговорноста за овој закон да ја префрли врз опозицијата, за да може да продолжи договорениот хаос кој владините партнери го прават во Собранието“, изјави Цветанка Иванова.

СДСМ, денес до претседателот на Собранието Велјановски, поднесе барање, потпишано од сите членови и заменици на комисијата за труд и социјална политика од опозицијата, да не ја одолговлекува непотребно комисиската расправа по законот за бранители. Бараат, по истиот принцип како и за пакетот закони од социјалната сфера, веднаш да ја свика седницата на Комисијата за труд и социјална политика на која се расправа по законот за бранители, да постави претседавач од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и да обезбеди механизам за донесување на законот за бранители во разумен рок.

„Јавно укажуваме, дека било какви други активности, со кои г-нот Вељановски би се обидел да ја префрли ова обврска и со тоа себе си да се амнестира од одговорност за носењето на Законот за бранители, само ќе ја покаже политичката игра и договорениот хаос кој ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од почеток го прават со законот за бранители. Со тоа г-нот Вељановски ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ, не само што ги прелажа бранителите, туку и го искористи нивниот дигнитет и достоинство, за политичко пазарење и поткусурување на односите со својот коалиционен партнер ДУИ.Ние не прифаќаме да бидеме дел од ова нивно сценарио, и затоа јавно му порачуваме на г-дин Вељановски да не се обидува со разни процедурални и политички игри, одговорноста за носењето на законот за бранители да го префрлаат врз опозицијата“, изјави Иванова.

Би можело да ве интересира

Деспотовски бара- кандидатите да потпишат ако не бидат избрани, да не можат да имаат друга партиска функција

Предраг Петровиќ

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

Мицкоски првпат пратеник, во клупите и цело екс раководство на СДСМ, ќе се конституира новиот паралментарен состав

Катерина Ѓуровски

ИО на СДСМ: На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

Предраг Петровиќ