Иванова: Комисијата за труд и социјална политика ќе заседава се додека не биде донесен Законот за бранители

Од:

„И покрај сите повици до владините партнери да престанат да манипулираат со Законот за бранители, договорениот хаос продолжува, и тоа за закон за кој на сите им е јасно дека однапред е договорено да не се донесе.

– Ниту претседателот на Собранието, ниту пратениците од владејачкото мнозинство не излегоа со конкретен предлог како да се донесе Законот за бранители и да се одблокира работата на Собранието.

– За жал, сега овој режиран театар доведе до целосна блокада на работата на Комисијата за труд и социјална политика.

– ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се владејачка коалиција и мнозинство, и тие имаат директна обврска да обезбедат непречено функционирање на Собранието.  Но тие, во веќе виден стил, за проблемот кој самите намерно го создадоа, сега се обидуваат да ја обвинат опозицијата. Дури јас лично бев обвинета од ВМРО ДПМНЕ дека сум тактизирала за сметка на ефикасноста на работата на комисијата за труд и социјална политика.

– Тоа не е вистина и не може да помине!

– Затоа, ја информирам јавноста дека Комисијата за труд и социјална политика ќе заседава се додека не биде донесен Законот за бранители. Тоа значи, дека сите други закони од оваа сфера, каде матично тело е Комисијата за труд и социјална политика, ќе мора да чекаат претходно да биде разгледан Законот за бранители.

– Ова важи подеднакво и за законите предложени од Владата и од опозицијата. Со ваков начин на работа, а согласно Собранискиот Деловник, ќе обезбедам максимална ефикасност во работењето на Комисијата за труд и социјална политика за Законот за бранители.

– Дополнително, со ова нема да дозволам опозицијата да стане соучесник во сценариото на владините партнери за промовирање на лажен патриотизам за дневно политички потреби“, изјави Цветанка Иванова, претседател на Комисијата за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“