Иванов во Загреб на свеченоста за пристапувањето на Хрватска во ЕУ

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во Загреб, каде ќе присуствува на свеченоста по повод пристапувањето на Република Хрватска кон Европската унија.

Централната прослава ќе се одржи вечерва на плоштадот „Бан Јелачиќ“, каде свои обраќања ќе имаат претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и премиерот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Утре претседателот Иванов ќе учествува на работниот појадок, што за шефовите на делегациите го приредува претседателот Јосиповиќ.

Би можело да ве интересира

Четворица мигранти спасени од надојдената река Сава се во болницата во Винковци

Горан Наумовски

Божиновиќ ги објави деталите за спасувањето на луѓето што паднаа во Сава, предупреди дека постои можност да има жртви

Голема спасувачка операција на реката Сава во близина на Бабина Греда: „Неколку луѓе се во водата“

(ВИДЕО) Ветерот корне дрвја и носи покриви во Хрватска: Училиштата се затворени во 4 окрузи, снегот го парализира сообраќајот

Железничка несреќа во Хрватска, тројца патници се повредени

Иако е жив, го прогласија за мртов – промена на идентитет со сериозни последици

А1он