Иванов во дводневна работна посета на Полска

Од:

Ѓорге Иванов, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Полска, по повод учеството на 27. Економски форум, што ќе се одржи во Крињица – Здруј.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум, на тема „Незавршена интеграција – аспирации на европските земји“, на која ќе говорат и полскиот претседател Анджеј Дуда и претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили. Главна тема на годиншниот економски форум е „Проект Европа – кој е рецептот за следната деценија?“.

За време на престојот во Послка, предвидено е претседателот Иванов да има билатерална средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.

На 6 септември претседателот Иванов ќе се обрати на 12. Економскиот форум на млади лидери.

Економскиот форум кој оваа година се одржува по 27. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел на континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа. На форумот ќе присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји од Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Два полски аеродроми затворени поради воени воздушни операции

Полски „ловци“ пресретнаа руски извидувачки авион

Карлсон: Моето семејство не треба да страда поради полската антируска хистерија

Путин да не лета над нашата територија, предупреди Полска – Најавувате тероризам, одговори Москва

Унгарија ја обвинува Полска за поттикнување тероризам во Европа

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија е поважна од кога било