Иванов утре на состанок на лидерите од Брдо-Бриони процесот

Од:

Ѓорге Иванов утре ќе учествува на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони процесот, што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Република Словенија.

Предвидено е Иванов да се обрати на пленарната сесија на состанокот, а ќе одржи и повеќе билатерални средби.

Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо – Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на Југоисточна Европа.

На средбата, иницирана од претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и од претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, е најавено учеството на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ