Иванов треба да го додели мандатот за формирање на новата влада

Од:

Денеска истекува рокот кога претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов треба да го довери мандатот за формирање влада на кандидат на партијата, односно партиите што освоја најголем број мандати на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, минатата година.

Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Доколку не состави влада во предвидениот рок, го враќа мандатот, кој потоа Иванов го доделува на следната партија со најмногу освоени гласови.

Претседателот Иванов викендов одговарајќи на новинарско прашање кога и на која партија ќе и го додели мандатот за формирање влада со оглед на тоа што тече рокот, рече дека ќе постапи како што е наведено во Уставот.

Премиерот за спроведење на изборите Емил Димитриев, пак, на новинарско прашање за тоа дали очекува да биде запазен крајниот рок за доделување на мандатот, рече дека очекува целата процедура да биде во утврдените рокови согласно законите.

ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, на 7 јануари ја објавија заедничката платформа која ќе биде нивна основа во преговорите за создавање на нова влада. Заедничката политичка агенда на трите партии предвидува целосна јазична еднаквост, односно употреба на албанскиот како официјален јазик, економска рамноправност, решавање на спорот за името со вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, како и брза интеграција во НАТО и во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он