Иванов: Тоа што се случи вчера, никогаш да не се повтори

Од:

Ако некој мисли дека со злоупотреби и манипулации може да ги подели и раскара граѓаните, очигледно не знае за каков мудар и умерен народ станува збор, вели претседателот Ѓорге Иванов во денешната писмена изјава до медиумите, изразувајќи голема загриженост поради вчерашните случувања во и пред Собранието.

– Со голема загриженост ги следев вчерашните случувања во и пред Собранието на Република Македонија. Жалам за немилите сцени и искрено се надевам дека тоа што вчера го видовме нема никогаш да се повтори, нагласува Иванов.

Вчера, како што посочува, се случи она на што предупредив во моето годишно обраќање. – Очигледно моите апели не беа послушани. Уште еднаш ќе повторам. Не може целото општество, да биде заложник на неодговорно однесување. Кога станува збор за интересите на граѓаните и за непреченото функционирање на државата, тогаш нема простор за парцијални интереси, вели Иванов.

Истакнува дека во демократијата може да постојат политички пријатели и политички непријатели, но политичките актери не смеат да се гледаат низ призмата на душмани.

– Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми. Но, решенијата мора да се наоѓаат во институциите на државата од страна на оние избрани за тоа. Недозволиво е во третата деценија од нашата независност да сведочиме за насилство насочено кон и во демократските институции и уставниот поредок, нагласува претседателот.

Тој изразува жалење за немилите сцени со претставниците на медиумите, посочувајќи дека секој во оваа држава има должност да го почитува поредокот, Уставот и законите и никој во оваа држава не смее да биде попречуван да си ги врши професионалните обврски, било да се тоа претставници на медиумите, народни избраници или овластени службени лица.

– Сум кажал и пак ќе повторам. Ако некој мисли дека со злоупотреби и манипулации може да ги подели и раскара граѓаните, очигледно не знае за каков мудар и умерен народ станува збор, нагласува Иванов.

Македонскиот претседател вели дека не очекува многу работа и на домашен план и на планот на евроатлантската интеграција. – Граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните, вели Иванов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов