Иванов до Столтенберг: Неопходно е да го добиеме одамна заслуженото членство во Алијансата

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што информираат од Кабинетот на Иванов, на средбата се разговарало за евро-атлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО-стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантскиот сојуз.

Претседателот Иванов и генералниот секретар Столтенберг оцениле дека односите и соработката меѓу Република Македонија и алијансата се на високо ниво и го истакнале придонесот што македонската армија го дава во рамките на меѓународните мировни мисии.

Македонскиот претседател потенцирал дека Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на НАТО нагласувајќи дека е неопходно да го добиеме одамна заслуженото членство во алијансата, со што ќе се создадат трајни придобивки за безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион, информираат од Кабинетот на претседателот.

„Република Македонија со своите мировници континуирано ги споделува вредностите и обврските на алијансата, па оттаму неопходно e што побргу да ги споделуваме и поволностите што ги носи членството“, рекол Иванов. Тој додал дека земјата ќе продолжи и понатаму активно да придонесува кон обезбедување на глобалниот мир и безбедност преку учество и поддршка во мисиите предводени од НАТО.

Претседателот Иванов порачал земјите членки на НАТО долгорочно да ги согледуваат новите реални предизвици со кои се соочуваат регионот и Европа и да соодветствуваат со политиките на отворени врати и колективниот интерес на алијансата.

На средбата исто така биле разменети мислења и за најновите неконвенционални закани во глобалното безбедносно опкружување и за приспособувањето на способностите за одбрана, како и одвраќање и справување со овие закани.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени