Иванов стана почесен граѓанин на Пустец

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска е прогласен за почесен граѓанин на општина Пустец за заложбите и заслугите за правата на македонската заедница во соседна Албанија.

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, му ја врачи плакетата на Иванов.

– Ние Македонците во Албанија сме лојални граѓани и сме добар пример како треба да се почитува државата во која живеат и како со нашите минимални можности се бориме што подобро да го развиеме местото и државата каде живееме – рече Темелко.

Иванов е првиот македонски претседател кој го посетил Пустец.

– Овој дел од Преспанското Езеро е недопрена природа, но тука треба да доаѓаат туристи, млади луѓе, и вие производите кои ги имате да можете да ги понудите, а од тоа и да остварите егзистенција. Во другиот дел на Преспа, има се повеќе летувалишта и услужни објекти и очекуваме во овој дел да се зголеми туристичката понуда. Многу зборуваме за политика, да се посветиме на економијата. Во тој поглед стоиме на располагање. Заедно со Албанија сакаме да аплицираме за многу европски фондови за меѓугранична соработка така што треба и локалната самоуправа и сите млади своето знаење да го користат да се аплицира за грантови, да се донесат странски инвеститори и животот да се менува на добро – рече Иванов обраќајќи се пред жителите.

При престојот во Пустец претседателот Иванов ја посетил гимназијата, а неговата сопруга Маја градинката.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Левица: Квислиншката власт ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ