Иванов со сопругата ќе се сретнат со Ердоган во Турција

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, од денеска престојува во посета на Република Турција.

Претседателот Иванов во Анкара ќе биде примен со највисоки државни и воени почести и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган и со претставници на турскиот државен врв. Во рамки на посетата, претседателот на Република Македонија ќе положи венец во Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара.

За време на официјалната посета на Република Турција, македонскиот претседател ќе одржи предавање на тема „Предизвици на високото образование во третиот милениум“, пред членовите на Советот за високо образование на Република Турција и ректорите од сите државни и приватни универзитети на Република Турција.

Претседателот Иванов во Истанбул ќе се обрати на отворањето на Светскиот форум на бизнис ангели, во чии рамки, на македонскиот претседател ќе му биде доделена наградата за Светско лидерство, по повод прогласувањето на „Школата за млади лидери“, како најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Уапсена актерка од „Сулејман Величествениот“