Иванов се сртена со претставниците од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија

Од:

Ѓорге Иванов денеска прими претставници од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го информираа претседателот Иванов за предизвиците со коишто се соочуваат, како и за постигнатите резултати во однос на подобрување на животниот стандард на пензионерите во Република Македонија.

Македонскиот претседател изрази поддршка за активностите на пензионерите како во рамките на домот и семејството, така и во пошироката заедница, и нагласи дека преку нивното учество во голем број иницијативи, со своето знаење, искуство и интелектуален капацитет, даваат значаен придонес во општествените текови.

На средбата, претседателот на Сојузот, Драги Аргировски, му додели плакета на претседателот Иванов, во знак на благодарност за поддршката во активностите и афирмирањето на статусот на пензионерите во Република Македонија, како и монографија подготвена по повод 70 години од основањето на Сојузот како самостојна и автономна организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари