Иванов присуствуваше на инаугурација на турскиот претседател

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов заедно со сопругата Маја Иванова присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека тој му ја честитал на Ердоган победата и постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посакал успешно извршување на претседателската функција.

Иванов му се заблагодарил на Ердоган за досегашната поддршка од Турција и изразил уверување дека и во наредниот период ќе продолжи пријателството и соработката меѓу двете земји.

На церемонијата што се одржа во Претседателската палата во Анкара, претседателот Ердоган имаше обраќање, откако претходно положи заклетва во турскиот Парламент. На свеченоста присуствуваа 22 претседатели на држави и 28 премиери, претседатели на парламенти и министри.

Би можело да ве интересира

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи