Иванов: Очекуваме зад нас да оставиме уште еден успешно завршен изборен процес

Од:

Со денешниот втор круг гласање од локалните избори очекуваме зад нас да оставиме уште еден успешно завршен изборен процес. Очекувам дека и овој пат граѓаните ќе излезат масовно и ќе им дадат што поголем легитимитет на тие што следните 4 години ќе се грижат за локалните потреби на граѓаните.
Ова го изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој денеска заедно со неговата сопруга и синот гласаа на избирачкото место 2859, во Средно училиште „Јосип Броз Тито“.

– Вообичаено вечер победниците слават, а поразените треба да размислат зошто добиле такви изборни резултати и да се подготват веќе за следните избори бидејќи демократијата е постојан циклус на учење учествувајќи во неа, рече Иванов, изразувајќи надеж дека изборите ќе поминат во најдобар ред, како што доликува, нагласи, на една земја-кандидат за членство во ЕУ.

Претседателот Иванов нагласи дека по изборите, на сите што се вклучени во политиката целата енергија ќе биде насочена кон стратешки цели и на што подобро утре на сите што живееме во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски