Иванов не го даде мандатот на Заев

Од:

Ѓорге Иванов на прес конференција како и што се очекуваше по средбата со Никола Груевски пред два дена соопшти дека не го дава мандатот за состав на Влада на Зоран Заев.

Иванов самиот се негираше-прво кажа дека ќе даде мандат на тој што ќе обезбеди мнозинство, а кога беше обезбедено измисли изговор за да не го даде мандатот и да спречи влада предводена од СДСМ.

Тој повторно упати условувања, иако не е во негова надлежност да оценува програми, туку е должен да го предаде мандатот.

„Преговарањето за платформа на туѓа држава е кршење на суверенитетот на граѓаните.

– На изборите се гласаше за партиски програми, а не постизборни платформи на туѓа држава. Не постојат закани ко ќе ме натераат за да го прекршам Уставот, но ги охрабрувам да поднесат кривична пријава и против мене, но и против сите кои во зависна состојба ја донесуваат РМ.

– Туѓи постизборни платформи не може да бидат основа за формирање на Влада. Немаме резервна држава. Граѓаните може да се мирни. Се додека сум претседател нема да дадам мандат на партии кои се залагаат за уривање на суверенитетот“, рече во своето обраќање Ѓорге Иванов кој претходно го даде мандатот на ВМРО-ДПМНЕ без обезбедено мнозинство но и за преговори токму за истата платформа која ја спомнува.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски