Иванов: Нашето срце е со Ердоган

Од:

Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, му дал поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во врска со масовните протести кои почнаа од Гези паркот во Истанбул.

Ваквиот став на Иванов го соопшти агенцијата Анадолија.

psgorgeivanov

Според медиумите, ова, Ѓорѓе Иванов го кажал на средбата со претседателот на Турската агенција за координација и соработка, Сердар Чам.

March in solidarity with Occupy Gezi Turkish protests in Milan

За време на разговорот во агендата била вклучена и темата за масовните протести. Иванов кажал дека внмателно ги следи настаните и додал:

Г-динот Ердоган да не се мачи и да се спротивстави. На сите им е познато дека во вакви настани се мешаат странски држави, кои си прават свои игри. Неговото срце е со нашето, нашето срце е со неговото, ги цитира зборовите на Иванов, агенцијата Анадолија.

Би можело да ве интересира

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски