Иванов му ја честиташе победата на Обама

Од:

„Дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот реизбор за претседател на Соединетите Американски Држави, како и да Ви посакам натамошен успех во извршувањето на оваа одговорна функција“, се вели во пораката што претседателот Ѓорѓе Иванов му ја прати на американски претседател Барак Обама.

Иванов изрази очекување дека заедно ќе продолжат да придонесуваат за натамошното продлабочување на пријателството и партнерството помеѓу двете држави.

„Сакам да Ве уверам господине Претседателе, дека Република Македонија, како докажан пријател и партнер на Вашата голема нација, ќе продолжи да ги поддржува американските напори за мир изграден врз ветувањето за слобода и човечко достоинство во светот. Ја користам оваа можност, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите највисоки стратешки цели – членството во НАТО и во Европската унија“, стои во честитката на претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Документирани загуби на американските воздухопловни сили

Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“