Иванов му го честита на Трамп стапувањето на функцијата претседател на САД

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Доналд Трамп по повод стапувањето на должноста Претседател на Соединетите Американски Држави.

– Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам стапувањето на должноста 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави и да ви упатам најискрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција. Воедно, преземањето на должноста ви го честитам и во името на сите граѓани на Република Македонија, вели Иванов во честитката.

Македонскиот претседател изразува надеж дека со заемен ангажман ќе се даде личен придонес за интензивирање, продлабочување и зацврстување на стратегиското партнерство и пријателство меѓу Република Македонија и Соединентите Американски Држави, за што, потврдува дека постои особен интерес и подготвеност од Република Македонија.

– Длабоко сум уверен дека со вашето лидерство Соединетите Американски Држави ќе продолжат по патот на прогресот. Но верувам дека вашето лидерство e значајно и на глобален план, особено сега кога светот се соочува со бројни предизвици и кога повеќе од било кога е неопходно единство, заемно почитување и искрена соработка. Високо ги почитуваме вашите ставови и надворешно политички цели. Глобалниот поредок има потреба од јакнење на пријателството меѓу државите, без наметнување на интересите и со почитување на правото на избор на нациите во светот. Сакам да знаете дека во Република Македонија и во мене имате искрен пријател и поддржувач, вели претседателот Иванов во честитката до неговиот американски колега Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Трамп сака брзо да ја заврши војната со Иран, постави рок

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го разгледува американскиот предлог, но не е заинтересиран за преговори

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Трамп: Ја добивме војната