Иванов: Грчките блокади нема да не дефокусираат

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов ја предводи македонската делегација на НАТО санитот во Чикаго. Тој присуствуваше на вечерата организирана од Обединетата македонска вечера.

„Грчките блокади нема да нè дефокусираат од партнерството со НАТО и од визијата за побезбеден и посигурен свет за нашите деца. Од Македонија да создадеме земја отворена за странски инвестиции, земја на напредни технологии, претприемништво и иновации. Земја во која економскиот развој и успехот се темелат врз лична одговорност, професионалност и посветеност во работата. Сакам да знаете дека вие сте причината поради која не се откажуваме. Вашиот успех, ентузијазам и оптимизам за иднината на Македонија е мотивирачки и обврзувачки. И покрај сите предизвици, ќе продолжиме уште поохрабрени да го бараме нашето заслужено место во европското и евроатланското семејство на народи“, изјави Претседателот пред македонските иселеници во САД.

„Сплотени со една желба, европска и евроатланска Македонија, успешно ги преживеавме сите предизвици со кои се соочи нашата татковина во минатото и сплотени ќе го надминеме и сегашниот предизвик“, рече на вечерата, претседателот Ѓорге Иванов .

Инаку на Самитот се очекува земјите да го дефинираат ставот кон Авганистан..На досега најголемиот самит, со учество на 60 земји и организатори, тема не се очекува да биде и проширувањето. Република македонија се надева, лобистите и пријателите што македонската страна го очекува е пријателите на Република Македонија да го постават отворено прашањето за македонско членство, иако Грција веќе јасно го кажа својот став, дека ќе го употреби ветотот ,како во Букурешт, доколку се отвори ова прашање.

 

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина