Иванов го прими заменик државниот секретар на САД, Џон Саливан

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими заменик државниот секретар на Соединетите Американски Држави Џон Саливан, со кого разменил мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за актуелните случувања во регионот.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ, Иванов истакнал дека европските и евроатлантските интеграции остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија.

-Секогаш сум бил силен и гласен поддржувач на стратешките приоритети на Македонија, а тоа е целосна интеграција во ЕУ и НАТО. Но, членството во ЕУ и НАТО не смее да се злоупотребува за прифаќање договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат, истакнал претседателот Иванов на средбата со Саливан.

Македонскиот претседател потенцирал дека Република Македонија останува стратешки партнер на САД и изразил благодарност за целокупната поддршка и помош во модернизацијата и едукацијата на Армијата на Република Македонија, со цел да се постигнат стандардите на НАТО.

-Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан, наведува Кабинетот на Иванов во соопштението.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах