Иванов ги прими акредитивите на новоименуваниот ирански амбасадор

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Иран, Саид Садег Мохаммади.

Иванов, како што информира неговиот Кабинет, му посакал успешно извршување на функцијата и изразил надеж дека како прв резидентен амбасадор на Исламска Република Иран во Република Македонија ќе придонесе во развој на соработката меѓу двете земји во областите од заемен интерес.

– Приоритет во односите меѓу двете земји во претстојниот период треба да биде унапредување на економската соработка и јакнење на трговската размена, истакнал Иванов, потенцирајќи ја потребата од унапредување на договорната рамка меѓу двете држави.

Амбасадорот Мохаммади посочил дека неговото именување за прв резидентен амбасадор во Република Македонија е доказ за решителноста на Иран за градење и развивање на  соработката со Македонија.

– Поради старата цивилизација, богатата култура, посветеноста во градењето мирен соживот помеѓу различни етнички и религиозни групи, Македонија ужива посебен статус во Исламската Република Иран, дотолку што е порта кон Балканот и Европа и уверен сум дека со Ваша поддршка и наша решителност ќе бидат преземени суштински чекори во насока на развивање на билатералните односи, истакнал Мохаммади.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија