Иванов: Доаѓате во време кога македонската држава е тешко ранета

Од:

Претседателот Ѓорѓе Иванов во говорот пред папата Франциск, рече дека папата доаѓа во еден период во кој Република Македонија е разнишана и изневерена, и побара од папата духовна помош во обнова на државата.

„Искушението да зборувам за славното минато е големо. Но, верувам дека е многу поважно да зборувам за неизвесната сегашност, колку и да е тоа тешко. А вистината е дека Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања, изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениските блокади на нашиот европски пат доведоа до политички и морални кризи што го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајни вредности. Крстот и полумесечината, црквата и џамијата се злоупотребуваат како граничници и тврдини за маркирање и бранење на некакви си замислени територии. Како да се заборава дека сите ние сме луѓе, независно од нашата вера“, рече Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов во својот говор се обрати до граѓаните и ги повика на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија.

„И затоа ќе завршам со еден повик до сите мои сограѓани, до сите луѓе со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, независно дали се муслимани, Евреи или атеисти. Ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување, да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна“, рече Иванов.

Симболично, оваа историска посета се случува на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол. Посетата на папата е на покана на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска