Иванов-Церар: Македонија и Словенија пријателски земји со трајно парнерство

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, со кого разговарал за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за политичките актуелности, а биле разменети мислења за предизвиците со кои се соочува регионот на Балканот.

– Претседателот Иванов и премиерот Церар ги потврдија одличните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризираат трајно пријателство, доверба и цврсто партнерство. Заедничка констатација на двајцата соговорници беше дека во иднина напорите треба да бидат насочени кон интензивирање на економската соработка и трговската размена, преку поблиска соработка на бизнис заедниците и поттикнување на инвестициите од двете држави, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, претседателот Иванов изразл благодарност за досегашната континуирана помош и поддршка од Република Словенија и очекување за уште поизразена поддршка, со цел деблокирање на евроатлантската перспектива на Република Македонија.

Ја сиатакнал и важноста на заедничката иницијатива на Република Словенија и на Република Хрватска, процесот Брдо-Бриони, чијшто домаќин овој месец ќе биде Република Македонија, како можност за отворен дијалог по сите прашања важни за земјите од регионот и за јакнење на регионалната соработка.

Претседателот Иванов и премиерот Церар разменија мислења и за предизвиците од илегалната миграција и притоа ја потенцираа неопходноста досегашната успешна соработка меѓу надлежните институции да продолжи и во иднина, со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Грешката на ЕУ беше што престанавме да комуницираме со Русија

ВИДЕО: Словенечки политичар се искачи на покривот на Собранието, се закани со самоубиство

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски