Иванов барал информации од Владата колкав буџет му следува по завршувањето на мандатот

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов доставил барање за информација до Службата за општи и заеднички работи колкав буџет му следува по завршување на мандатот, потврдија од Владата на денешната прес-конференција.

-СОЗР има одговор дека висината е 8% од годишниот буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и дека во рамките на тој буџет треба да поднесат до СОЗР и барање за деловни простори, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

До вчера во СОЗР не пристигнало барање, додаде Бошњаковски.

Според Законот за правата на Претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Би можело да ве интересира

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство