Иванов апелира на итна деблокада на буџетот

Од:

Во Собранието годинава меѓу пратеничките групи се одвиваше плодна, на моменти затегната и не секогаш продуктивна деморкатска дебата, оцени претседателот Ѓорге Иванов во денешното годишно обраќање пред пратениците. Во новата година, нагласи, граѓаните очекуваат повеќе решенија, а помалку проблеми.

Во овој дом, подвлече, деновите се води остра и непродуктивна дебата за усвојување на Буџтот на Република Македонија.

– Апелирам да се најде начин за итен излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа од вас. Не може целото општество, со сите свои потерби, да биде заложник на неодговорно однесување. Ако се случи, заради неодговорно политичко однесување, Македонија да трпи економска штета, со кој образ утре ќе излезете да ја барате довербата на граѓаните ? Кога станува збор за интересите на граѓаните и за непречено функционирање на држвата, тогаш нема простор и за парцијални интереси, рече Иванов.

Во врска со претстојните локални избори, претседателот Иванов апелираше да бидат на ниво на највисоките деморкатски стандарди, ниво, подвлече, кое веќе го постигнавме во изминатите неколку изборни циклуси. Тој смета дека е потребно Собранието и сите други субјекти вклучени во овој процес, како што се невладините организации, медиумите и верските заедници да ги обезбедат сите неопходни услови.

– Реалниот живот на луѓето се одвива на локално ниво. Сигурен сум дека сите заедно ќе обезбедиме секој граѓанин еднакво, рамноправно и самостојно да ја избере својата локална власт, сервисот кој треба да служи за нивните потреби, без разлика дали се тоа потребите на жителите на населните места на Шар Планина или Велес, Мариово или Кичево, Струмица или Скопје, рече претседателот Иванов, меѓу другото во обраќањето пред пратениците.

Би можело да ве интересира

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница