Иван, човекот на кој му беше трансплантирано срце е во одлична состојба: Повторно ќе го живеам животот со полни гради

Од:

Иван Огњановски, 54-годишниот пациент на кого во мај годинава му беше трансплантирано срце од починат донор, е во добра здравствена состојба. Тој е насмеан и полн со енергија, објави министерот за здравство Венко Филипче, откако Иван бил на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија.

Иван е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце.

„Одлично се чувствувам. Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјавил тој.

На Огњановски му беше трансплантирано срце од починат донор – стануваше збор за 43-годишна жена која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство се согласи да го донира срцето и двата бубрега.

Првата првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор беше извршена од тимот од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување, воедно и Национален координатор за трансплантација.

 

Би можело да ве интересира

Здружение Нефрон: Да се зголеми бројот на кавадеричните трансплантации, секој кој ќе обезбеди орган да биде трансплантиран

Ана Ололовска

Брњчаревски: Татко ми без размислување ми го даруваше својот бубрег, за да го спаси мојот живот

А1он

Пациентите што примија донирани бубрези се чувствуваат добро

Жарко Настоски

Спасовски ги пофали лекарите кои ја извршија првата трансплантација на срце

Жарко Настоски

Синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце: Благодарност до семејството што го спаси животот на татко ми

А1он

Филипче: Со трансплантацијата на срце, Иван го почнува вториот живот

А1он