ВИДЕО: Итно затворено училиштето „Димитар Миладинов“ во Центар поради загадена вода

Од:

Поради загадување на водата за пиење, основното училиште „Димитар Миладинов“ во Центар итно е затворено, а учениците се испратени дома.

Неофицијално во надворешната шахта се пронајдени фекалии, односно водата за пиење се мешала со фекалии. Како што дознаваме, многу деца во изминативе денови се заразиле од стомачен вирус.

Во известувањето од директорот на училиштето се наведува дека објектот ќе биде затворен и во следните два дена.

„Заради дефект на водоводната мрежа и техничка неисправност на водата, која не смее да се пие, училиштето ќе биде затворено од денеска, 6 ноември, како и во среда и четврток. Дополнително ќе следат информации согласно состојбата“, се вели во итното известување од директорот.

Од училиштето се надеваат дека дефектот ќе биде саниран во следните два дена и дека учениците во петок ќе се вратат на настава. Утре основците ќе заминат на екскурзија, а в четврток училиштето има патронат.

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ излегле на терен и се работи на санирање на дефектот.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски