Итната помош во Скопје со зголемен број интервенции на јавни места

Од:

Во Итната медицинска помош во Скопје деновиве е зголем бројот на повици, а денеска, за разлика од другите денови, има многу интервенции на јавни места, но не само за колапси од топлото време, изјави за МИА д-р Ѓорѓи Карамановски, одговорен на смена во ИМП.

Во цела недела, како што рече, имало повеќе сообраќајни незгоди, минимум по пет до шест во текот на денот, а бројот на колапси бил од четири до пет.

-Денеска нема нешто што е екстремно, сообраќајките се помалку, од утрото има две со полесни повреди. Колапсите се стандардно колку што се секој ден. Но има многу интервеции на јавни места, и тоа не се само колапси, туку и повредени, паднати итн. Имаше превртен од трактор во село Смесница во Зелениково, епи-напад во Градски парк, рече д-р Карамановски.

Колапсите се должат, најверојатно, на топлото време и поради тоа што граѓаните не ги слушаат препораките да се избегнува излегување кога е најжешко.

-На пример сега, во 13.15 часот, имаше колабирана на Зелен пазар. И тоа беше помлада госпоѓа, која очигледно не ги почитувала препораките што ги упатуваме преку јавните медиуми и во 13.15 излегла да пазари, рече одговорниот доктор на смена во ИМП.

И сообраќајките денес, во кои нема потешко повредени, според лекарот, можеби се последица и од намалена концентрација.

-Повредите се полесни. Очигледно намалена концентрација, сите брзаат некаде, топлото време си го прави своето, исто како и динамичниот живот, додава докторот.

Тој укажува да се почитуваат здравствените препораки – во овој период не се излегува, се зема доволно количина течности, се носи лесна и светла облека, капи, очила за сонце.

Поради годишните одмори, Итната медицинска помош работи со редуциран број екипи на терен.

Би можело да ве интересира

Нови 22 коли за итната медицинска помош и вработувања, најавува министерот за здравство Меџити

Ќе се набавуваат 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата се пофали Меџити

Брзата помош ќе нема предност додека минуваат министри за Самитот на ОБСЕ: Животот на пациентот е помалку важен од тој на политичарите

Орце Костов

Тројца работници повредени при извршување работни задачи во Кавадарци и Пробиштип

(ВИДЕО) Вработен во Брза помош украл пари од жена, снимен е со тајна камера поставена во куќата

Горан Наумовски

Зголемен број на интервенции на Итната медицинска помош во Скопје