Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Од:

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон – стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

– Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време – Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Би можело да ве интересира

Поради топлотниот бран, десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

Лифтот со екипата на Итна помош паднал од втор кат во подрум, тројца повредени

Екипата на Итна помош загалвена во лифт која паднал во подрум, пациент немало

Eкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода

Тешко повреден работник во фирма во Скопје