Итна помош Тетово: Граѓаните да доаѓаат со заштитни маски за лице

Од:

Лекарите и медицинските сестри од Службата за итна медицинска помош во Тетово се соочуваат со несовесни постапки на дел од граѓаните кои и во сегашната состојба на пандемија таму доаѓаат без да носат заштитни маски за лице.

Од Здравствен дом Тетово апелираат граѓаните да доаѓаат заштитени со цел да помогнат во спречување на ширење на коронавирусот, бидејќи со некористењето заштита се изложуваат на опасност самите, а истовремено го изложуваат на опасност и здравствениот персонал.

– Бараме и апелираме граѓаните да носат заштитни маски според препораките со цел лична заштита, како и да не се дозволи било каков вирус или инфекција да се пренесе од населението на здравствените работници. Превентивата е важна бидејќи доколку се случи да се зарази некој од персоналот, според протоколот по автоматизам се намалуваат тимовите и се оптоварува службата. На пример, ако се зарази еден доктор, целата екипа од шест-седум луѓе треба да оди на 14-дневна домашна самоизолација. Во огромна мера ќе биде оптоварена службата и нема да може соодветно да одговори на повиците на граѓаните за брза интервенција, рече Борислав Јоргаќиевски, директор на Здравствен дом.

Не помогнале ниту реакции на персоналот кон дел од несовесните граѓани.

-Лекарите и медицинските сестри се соочуваат дури и со закани кои, за жал, не престануваат дури и сега со глобалната пандемија, потенцираше Јоргаќиевски.

Во Здравствениот дом евидентирале дека во време на поголемиот полициски час бројот на луѓе кои доаѓале и кои повикувале итна помош бил намален за 20 до 30 отсто од вообичаената фреквенција. Сега, во време на Рамазанските пости, како и порано, за 20 до 30 отсто од вообичаеното е зголемена работата на лекарите и медицинските сестри.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски