Итна изградба на поликлиника во општина Бутел

Од:

На денешната седница Владата го разгледа и прифати барањето за итна изградба на поликлиника во општина Бутел врз основа на позитивното мислење на Министерството за здравство, со оглед дека во планираната фискална 2020 година за оваа намена се предвидени средства во буџетот на Република Северна Македонија.

Како дел од оваа точка Владата донесе заклучок да ѝ препорача на Општина Бутел да го донесе деталниот урбанистички план, а потоа врз основа на издаден извод од план за градежна парцела, на која се планира изградбата на поликлиниката во Бутел, да се утврдат и дефинираат програмските барања за изработка на основен проект за изградба на поликлиниката.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези