Истражување на Рејтинг: 65% од граѓаните на Центар задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски

Од:

Речиси две третиниод граѓаните на Центар или 62,3%, сметаат дека работите во општина Центар се движат во правилна насока, додека 24,6% сметаат дека одат во погрешна.

Ова го покажува редовното истражување на Агенција Рејтинг, за задоволството на граѓаните од работата на локалната власт во општина Центар. Истражувањето е изработено на репрезентативен примерок од 800 испитаници, а резултатите се собрани по пат на телефонско интервју во периодот од 5 до 8 февруари.

Анализата укажува на висока доверба на граѓаните во локалната власта.

На прашањето: „Дали во локалната власт во Општина Центар имате или немате доверба?“, 73,5% се изјасниле дека имаат доверба, додека 24,5% рекле дека немаат доверба, а 2% од испитаниците не одговориле на ова прашање.

Две третини од испитаниците или 65,6% рекле дека се задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски што претставува покачување за 4% од последното мерење пред 18 месеци. Една третина или 33,4% проценти рекле дека се незадоволни, додека само 1% не го споделиле мислењето.

Слични се резултати и по другите прашања каде близу две третини од граѓаните имаат позитивни ставови во однос на работењето на локалната власт и градоначалникот.

Така, 63,4% проценти сметаат дека состојбата во општината е подобрена за време на мандатот на актуленото раководство, а речиси 58% се задоволни од она што општината го има направено во близината на нивните домови. Ова упатува на заклучок дека најголем број граѓани јасно гледа напредок и добро работење во нивни интерес од страна на локалната власт.

Најголем проблем за центарци за прв пат е одржувањето на хигиената во и околу контејнерите за кој се изјасниле 15,9% од анкетираните.

Одржувањето на контејнерите не е под ингеренции на локалната власт туку на Град Скопје. Општината минатата година набави возила за чистење на улиците, но полните контејнери се оние кои се проблем за граѓаните. На второ место е проблемот со паркирањето (12,9%), па следува урбанистичкото планирање (12,6%) и загадувањето (8,5%), на четврто место кое за прв пат е во приоритетни проблеми на граѓаните. На високо петто место за прв пат се притисоците и опструкциите кои ги врши централната власт врз локалната кое е најголем проблем за 7,8% од испитаниците.

Едно од најважните прашања за секој граѓанин е како власта ги троши парите од општинскиот буџет. Со тврдењето „Парите од буџетот на општината се трошат за корисни цели“, се согласуваат 51,7% од анкетираните, 30% не се согласуваат додека 18,3% не можат да оценат.

За градоначалникот Андреј Жерновски позитивно мислење имаат дури 70,1% од анкетарните граѓани, негативно мислење имаат само 28,1%, додека не се изјасниле 1,8% од исптаниците. Во пресрет на локалните избори, во истражувањето беа поставени и прашања во однос на реизбор.

Резултатите упатуваат на заклучок дека убедливо мнозинство центарци сметаат дека градоначалникот Жерновски заслужува да биде реизбран на функцијата.

На прашањето: „Доколку утре би се одржувале локални избори, дали актуелниот градоначалник Андреј Жерновски заслужува да биде реизбран на фукцијата?“ – 60,5% од анкетираните одговориле дека заслужува, 32,7% рекле дека не заслужува, додека 6,7% не можеле да се одлучат.

Запрашани пак за листата на која од партиите би гласале доколку утре се одржуваат локалните избори, добиени се следните резултати. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5%, за листата на СДСМ 48,3%, ЛДП 0,8%, НСДП 0,7% Левица 0,5%, ДУИ, 0,3% и за некоја друга партија или листа 1%.

Како неопределени во моментот се изјасниле 16,6% од граѓаните додека 7,1% рекле дека не сакаат да кажат.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории