А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Истражување: 14% од граѓаните во Македонија се обратиле кај партиски претставник за помош

by А1он05/10/2017 - 13:12293
Share0

Граѓаните од Западен Балкан, што бараат услуги од политичките партии имаат за шест пати поголеми шанси да бидат изложени на притисок да го заменат нивниот глас за пари/услуги во споредба со тие кои не бараат таква помош, покажува регионалната анкета спроведена во шест земји од Западен Балкан од проектот ИНФОРМ во кој од Македонија учествува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

На прашањето „Дали некогаш ви биле понудени пари или услуги во замена за вашиот глас на избори?“ потврдно одговориле 23 проценти од испитаниците во Црна Гора, 21 отсто во Албанија, 15 проценти во Босна и Херцеговина и 13 во Косово, осум во Србија и седум проценти во Македонија.

На прашањето „Дали некогаш сте се обратиле кај партиски претставник за помош“, најмногу 14 проценти од испитаниците одговориле потврдно во Македонија, 13 отсто во Црна Гора, 10 во БиХ, осум во Косово и седум во Србија, додека најниска стапка од пет проценти е забележана во Албанија.

Извештајот „Неформалниот живот на политичките партии во oпштествата на Западниот Балкан“ ги анализира партиските стратегии за мобилизација на електоратот базирани на клиентелистички практики. Проектот е спроведуван од меѓународен конзорциум предводен од Школата за словенски и источно-европски студии при Универзитетскиот колеџ Лондон.

Следете a1on на Youtube YouTube

Наодите од извештајот се примарно базирани на податоци од анкета спроведена низ земјите на Западниот Балкан во мај и јуни 2016 година, како и полу-структуирани интервјуа, етнографска работа на терен и архивско истражување.

anketa

Би можело да ве интересира

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски03/05/2026 - 16:3103/05/2026 - 16:41

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он06/04/2026 - 15:5906/04/2026 - 18:50

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ09/02/2026 - 15:2109/02/2026 - 17:26

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:36

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 09:16

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:1729/10/2025 - 07:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто