Истражна постапка за осомничениот за полов напад врз дете во Скопје

Од:

Скопското Јавно обвинителство наредило спроведување истражна постапка за лице осомничено за полов напад врз дете во Скопје, а судија на претходна постапка на осомничениот му определил 30 дена мерка притвор.

– Основното јавно обвинителство-Скопје издаде наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – полов напад врз дете кое не навршило 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Осомничениот се товари дека на 22-ри овој месец, околу 19:30 часот извршил полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје.

По предлог на надлежен обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски