Истрага „Рекет“: Градоначалниците на Карпош и Битола дадоа изјави

Од:

Вчера по телефонски повик од јавен обвинител, во Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, изјава дал градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, во истрагата за рекет, соопштија од Обвинителството.

Денеска изјава дала и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска. Детали од Обвинителството не соопштуваат.

„Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија“, соопштија од Обвинителството.

Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на Oбвинителството се вештачи и  содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Досега двајца бизнисмени дале исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Првоосомничен е неформалниот сопственик на „1 ТВ“, Бојан Јовановски за тргување со влијание со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а второосомничен е бизнисменот Зоран Милевски со прекар Кичеец.

Би можело да ве интересира

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он