Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Од:

Фехми Стафа кој беше уапсен од Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

„Во периодот од октомври до 13.12. 2025 година Стафа примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите, извести МВР.

Би можело да ве интересира

МВР уапси турски државјанин баран со потерница

Уапсен е 29 годишник од гостиварско Здуње – извршил сексуално насилство врз малолетничка

А1он

Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Катерина Ѓуровски

Уапсен е татко кој на својот малолетен син му прикажуваше порнографски содржини

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Полицијата уапси директор кој прими поткуп од 50.000 евра

Горан Наумовски