Историските прашања ќе бидат во втор план: Петков ги почитува сите јазици од Уставот, Ковачевски го потсети дека Бугарија го признала македонскиот

Од:

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков не одговори конкретно на прашањето во која држава се наоѓа и кој јазик се зборува во неа. Наместо тоа, посочи дека дефиницијата за јазикот е јасна во Договорот за добрососедство. Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, пред неговиот колега посочи дека сме признаена држава со македонски јазик. Петков, за разлика од дел од неговите интервјуа, овојпат не кажа дали и натаму останува на ставот дека македонскиот јазик го признава по 1944 година.

„Ќе обрнеме внимание на работите кои не зближуваат, а на другите работи ќе им дадеме подолг рок. Сакам да кажам многу јасно дека во Договор за добрососедство има многу јасна дефиниција за јазикот. Тука е прашањето дека Бугарија го почитува и сме горди што ја признавме независноста на Северна Македонија и истовремено со тоа го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија и користењето на сите ваши јазици како што се во Уставот. Имаме полно почитување на тоа“, рече Петков.

Премиерот Ковачевски кажа дека историските прашања ќе бидат во втор план, а целта на двете влади ќе биде зближување на народите.

„Се договоривме да формираме работни групи од повеќе области, инфраструктурата, економијата, трговијата, деловната соработка, образованието и исто така тука спаѓа и Комисијата за историско-образовни прашања која имаат свој план за работа. Тие треба да информираат што е договорено и начинот на кој е договорено. Во однос на јазиците, ние сме држава признаена од Бугарија, со македонски јазик, со потпишани билатерални договори со кој се регулира начинот на кои се потпишани тие договори, македонскиот јазик е дел од повелбата на ОН и другите институции и организации каде членуваме. Сите прашања кои се однесуваат на историските делови ќе бидат во втор план, а во прв план е градењето е зближување на граѓаните, кој ќе ни даде стимул и аргументи за постигнување на договор со Бугарија и отпочнување на преговорите со ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот на Македонија додаде дека се надева дека договореното помеѓу членовите на историската комисија ќе биде мост кон иднината, а не враќање кон минатото.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов