Исти постапки, различни одлуки: Охридската „Куба либре“ треба да добие струја, „Кадмо“ го изгуби спорот со ЕВН

Од:

Охридската плажа „Куба либре“ го доби спорот со ЕВН и треба повторно да добијат струја во локалот. Исти таков спор, изгуби плажата „Кадмо“, кој го водела иста адвокатска канцеларија. И двете одлуки ќе бидат обжалени, првата од страна на ЕВН, втората од страна на „Кадмо“. Ова значи дека по десет дена, локалот Куба Либре ќе добие струја во објектот. Адвокатот Томислав Кичеец, вели дека нема информации дали струјата е вклучена. Одлуката ја донел судијата Ефтин Попески од охридскиот суд.

„Вчера ја добивме одлуката, со времена мерка баравме повторно да се вклучи струјата поради спречување да настане штета, заради изгубена корист, сметавме дека е бесправно исклучена и вчера првостепената одлука ја добивме, која е уважена. Засега толку имаме. Немаме информација дали е обжалена, ниту доставена до ЕВН“, вели адвокатот Томислав Кичеец за „А1он“.

Неговата адвокатска канцеларија, го водеше и случајот за плажата „Кадмо“, која исто така, пред десет дена, остана без струја. Но, го изгуби случајот.

„Ние се чудиме во врска со таа работа, имаме исти ситуации. Едниот предмет го добивме, другиот го изгубивме. За плажата ‘Кадмо’ не беше одржано рочиште, беше донесена одлука за привремена мерка без рочиште. Имаме образложение за причините, но сметаме дека не се издржани, ќе поднесеме жалба“, вели адвокатот Томислав Кичеец.

„А1он“ се обрати и од ЕВН, од каде велат дека ја немаат добиено одлуката.

„Се уште немаме добиено судска одлука. Доколку има времена мерка за повторен приклучок на електрична енергија додека трае спорот со општината, ние тоа ќе го извршиме по добивање на таквата одлука“, велат од ЕВН.

По повеќе од три години откако е истечен и последниот договор за закуп на охридските плажи, ЕВН пред десет дена ја исклучи струјата во пет објекти. Ова го направи по барање на Општина Охрид, која пред две недели, започна и со уривање на нелегалните платформи поставени во Езерото, а со најава, дека ќе ги урива и објектите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on