Истепан судија по фудбалски натпревар во Горна Бањица

Од:

Група граѓани од село Бањица го нападнале главниот судија С.М. (28) по вчерашниот фудбалски натпревар меѓу екипите на село Горна Бањица и „Беса“ од село Добридол.

Како што соопшти МВР, немилиот настан се случил попладнето околу 15 часот во село Горна Бањица, Гостиварско, а поради брзата интервенција на полицијата бил спречен посериозен инцидент.

Во Полициската станица – Гостивар судијата посочил дека меѓу напаѓачите го забележал Е.А. кој со тупаници во пределот на главата и со нога во пределот на телото му нанел повреди, а потоа почнале да го удираат и други лица од село Горна Бањица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски