Испратен нов контингент на АРМ во мировна мисија во Авганистан

Од:

Со свечена церемонија во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево денеска беше испратен нов контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во мировна мисија ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Насер Сејдини, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, командантот на 1.мпбр бригадниот генерал Стојан Димчов, претставници од МО и ГШ на АРМ, од локалната самоуправа и роднини на припадниците од контингентот.

– Денеска го испраќаме 25-иот  контингент на АРМ во мировна мисија како подршка на Владата на Авганистан. Овие војници се наши амбасадори на мирот. Убедени сме дека достоинствено ќе ја извршат својата мисија и здрави и живи ќе се врачат по извршената задача. Ние остануваме и натаму посветени на мирот и ако де факто не сме членка на НАТО фактички работиме и се однесуваме како да сме дел од Алијансата, рече на свеченоста министерот Џафери.

Во петнаесеттата ротација на мировната мисија ИСАФ во Авганистан, во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, заминаа 156 припадници на АРМ.

Контингентот на АРМ го сочинуваат 149 припадници на четата, заедно со најстариот национален претставник, еден штабен офицер во командата на ИСАФ и пет припадници на АРМ кои ќе бидат распоредени во составот на НСПС (наменски сили за партнерство и советување) за поддршка на третата бригада од 209-тиот корпус на Авганистанската национална полиција.

„Леопардите“ од 1.мпбр во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За досегашното професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, изминативе години во континуитет добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.

На церемонијата  повод  испраќањето на контигентот на АРМ за мисијата ИСАФ беа присутни министерот  за одбрана Талат Џафери,Заменикот на началникот на ГШ на АРМ ,генерал мајор Насер Сејдини, Командантот на Здрузената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Методија Величковски,командантот на првата моторизирана бригада генерал Стојан Димчов како и преетставници од локалната самоуправа и други цивилни организации,секако беа присутни и роднини и пријатели на припадниците од контингентот.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната