Исполнет капацитетот на модуларната болница во Кочани, пациенти се сместуваат на други одделенија

Од:

Поради зголемениот број пациенти на кои им е потребно болничко лекување, од утрово капацитетот на модуларната ковид-болница во Кочани е целосно пополнет.

Дополнително се ангажирани и слободните болнички кревети во другите одделенија на Општата болница со проширена дејност, со што во моментот за хоспитализација во оваа здравствена институција е обезбедено место за вкупно 56 пациенти.

-Во болничките соби на модуларната болница се сместени 29 пациенти со Ковид-19, а уште петмина со потешки симптоми се во одделот за интензивна нега, што значи дека објектот е максимално исполнет. Заради зголемениот наплив, попладнево ги ангажиравме и капацитетите на одделот за физикална медицина, заедно со просторот за интензивна нега, со што обезбедивме дополнителни 22 болнички легла, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Додаде дека од среда ќе биде отворен пунктот за вакцинирање на граѓаните од Кочани, кои претходно се пријавиле на официјалната веб-страница на Министерството за здравство. Се планира дневно да се вакцинираат по околу 200 граѓани, пунктот ќе работи во две смени, а вкупниот број пријавени од општината е околу пет илјади лица.

Пред давањето на вакцината, која е бесплатна, ќе се контролира здравствената состојба на граѓаните и дали имаат антитела, односно дали смеат да ја примаат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски