Испитување на квалитетот на водата од јавните извори во Кочанско

Од:

Испитување на квалитетот на водата за пиење во природните извори и јавните чешми се спроведува во населените места од ридско-планискиот регион во општина Кочани. За реализарање на акцијата Општина Кочани ќе потроши околу 240 илјади денари, предвидени во Прогарамата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести.

Според изготвениот план за анализа ќе се земат вкупно 54 примероци вода од селата Полаки, Нивичани, Лешки, Јастребник, Панталеј, Рајчани и Пресека кои не се поврзани на регионалниот водовод во Кочани.

Од Центарот за јавно здравје од Кочани, чии екипи ќе ги прават испитувањата, велат дека минатата година кај јавните извори во овие населени места имало нешто пониско ниво на присуство на бактерии и недозволени хемиски елементи. Сепак, можно е поради обилните врнежи деновиве состојбата да е променета.

– Главна цел ни е да го испитаме квалитетот на водата за пиење во селата Рајчани и Нивичани каде минатата година скоро кај сите чешми што ги користи месното население имаше целосна бактериолошка и делумна хемиска загаденост. Главна причина за неисправноста на водата е што во континуитет се провлекуваат пропусти од типот на недефинирани заштитни зони околу изворите, непостоењето на соодветна опрема за пречистување и дезинфекција на водата и несоодветно стручно одржување, истакна директорката на Центарот за јавно здравје, Магдалена Манасиева.

Освен во населените места, испитување на водата ќе се направи и од неколку природни извори и пумпи во градот, што граѓаните ги користат за пиење.

Исто така, во текот на летниот период ќе се земаат примероци за анализа од водата во градскиот базен и од акумулацијата Гратче, што граѓаните вообичаено ги користат за рекреативни цели.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат