Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставните измени

Од:

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците. Исмајлоска-Старова вели дека потапила според сопственото убедување, а ги отфрла шпекулациите дека добивала закани за да гласа.

„Гласав за отворање на Уставот, токму за да придонесам кон подобрувањето на решенијата, а со тоа и да помогнам за процесот. Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката којашто ја донесов во македонското Собрание. Мојата постапка е исклучиво водена од желбата за просперитет на Македонија“, вели Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.

Пратеничката не сакаше да ја коментира одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја исфрлат од партијата, но вели дека е убедена во фактот дека придонела за подобро утре на државата.

„Не сум загрижена за својата безбедност, особено не, бидејќи постојано добивам поддршка од граѓаните, меѓу кои моите сопартијци се најбројни. Во политиката, како најважен дел од животот на народните избраници, има моменти во кои мора да се донесат и тешки одлуки“, додава пратеничката Исмајлоска-Старова.

Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова повтори дека доколку Владата подаде рака и ги прифати барањата на осумте пратеници за дополнување на амандманите, таа ќе гласа и за уставните измени.

„Процесот е започнат. Доколку Владата подаде рака за точките кои сметам дека ќе внесат мир кај народот, ќе ја добијат мојата поддршка. Ние мора да застанеме на нозе и заеднички да го спроведеме овој процес до крај“, тврди Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.

Денеска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга, Мирче Аџиоски, ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова која гласаше за уставните измени во Собранието, да го врати мандатот. Аџиоски додаде дека 7.700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори, не и дале легитимитет на Исмајлоска-Старова да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски