Ислам Абази е нов шеф на местото од Русковска, Незири има два гласа помалку

Од:

Ислам Абази, гостиварскиот шеф на Вишото обвинителство победи на изборите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дознава „А1он“. Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Пребројувањето е завршено, а се очекува и официјално да се презентираат резултатите.

За разлика од Незири и Абази, обвинителката Деса Пауновска од гостиварското вишо обвинителство има 10 гласови и Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат добила 14 гласови.

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста дотолку повеќе што медиумите не можеа да најдат ниту фотографија од неговиот лик. Тој избегна и дебата во „А1он“, каде присуствуваа другите кандидати. Неговото оправдување беше дека има други обврски, а откако оставивме сам да одлучи кога може да дојде, тој не одговараше на пораките и повиците. Исто постапи и со другите медиуми, каде не одговараше на новинарски повици. За него, во јавноста се шпекулира дека зад кандидатурата за шеф стои ДУИ. Тој никогаш не одговори дали се точни овие шпекулации.

За разлика од Абази, неговиот противкандидат со кого водат тесна битка, Ермон Незири, во дебатата на „А1он“ ги кажа сите критики, планови и визија за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Незири посочи дека 70-80 отсто е сигурен дека ќе победи на овие избори.

„Повторно излегоа на површина две тези: туристичка агенција и персонализација на Обвинителство. Барем јас така разбрав. Тоа е спротивно на тоа што јас планирам да го направам. Не може Обвинителството да се врзе со Ермон Незири. Таму има 15 обвинители кои самостојно одлучуваат, за тоа земаат плата, искусни обвинители “, рече Незири, а прашан кој ги разочарал младите обвинители, тој кажа: „Тоа секој си го сфаќа субјективно“.

Околу 160 од обвинителите од целата држава денеска за првпат гласаа за да изберат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Тетово и во Охрид, има приведени

Катерина Ѓуровски

Шестмина од обвинетите во случајот „Синџир“ прзнаа вина и се спогодија со Обвинителството

Катерина Ѓуровски

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

„Се шпекулираше дека ова столче е резервирано за ДУИ, тажно да се каже, но реалноста е таа“, истакнати правници за изборот на Абази

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Слики со Абази и челници на ДУИ испливаа во јавност, иако тој тврдеше дека нема контакт со никој од партијата

Кристијан Ландов