Искршен клубот „Цар Борис III“, раководството: „Маскирани патриоти“ ги нападнаа Бугарите, до кога ќе молчиме?

Од:

По искршената табла на клубот „Цар Борис III“, сега се искршени и стаклата од влезот во објектот. Ваквиот чин доаѓа три дена откако клубот го прослави првиот роденден со настан кој го организираше во просториите. Од СВР Охрид го потврдуваат настанот и велат дека се случил ноќеска по полноќ. Сторителите засега не се фатени.

„Се работи на случајот“, велат од СВР Охрид.

На фејсбук страницата од клубот „Цар Борис III“ пак, споделена е објава во која лицата кои ги искршиле стаклата се нарекуваат „маскирани патриоти“.

„‘Маскирани патриоти’ чии лица се видливи ги нападнаа уште еднаш Бугарите и бугарските клубови. До кога ќе молчиме?“, пишува на фејсбук страницата.

Во четвртокот, во клубот „Цар Борис III“ се славело и една година постоење.

„Прослава по повод една година од нашето друштво Цар Борис III со голем број членови и пријатели, генералниот конзул и дипломати од Генералниот конзулат во Битола, со неуморна поддршка на Фондацијата Бугарска меморија и други. Милен Врабевски Фондација Бугарска меморија Милен Врабевски“, пишува во објавата.

Отворањето на просториите на клубот во Охрид кој носи контроверзно име се случи на почетокот од октомври. Тогаш, со протест и тензии помина свеченоста. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваа присутните. Тие го спореа името „Цар Борис III“ затоа што историски гледано, е дел од фашистичка Бугарија. За овој случај има и предмет во Уставен суд.

Според измените на Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри во земјава имаат рок од три месеци да ги променат имињата на здруженијата. Второто здружение го носи името „Ванчо Михајлов“, исто така контроверзна историска личност, соработник на фашистите, а клубот се наоѓа во Битола и беше запален.
Kristijan

Би можело да ве интересира

Натепаниот Бугарин го менувал исказот: Прво кажал дека го натепале тројца, а потоа дека е натепан од едно лице

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор во Скопје повикан на консултации во Софија поради случајот Пендиков

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи за БТВ: За мене, важно е што Пендиков тврди дека бил нападнат поради тоа што е Бугарин

Орце Костов

Бараат ВЕТО за Македонија во ЕУ поради натепаниот секретар на клубот „Борис Трети“

Анита Петровска Рајковиќ

Истрага против охриѓанецот кој го претепа Христијан Пендиков

Ана Ололовска

Претепаниот секретар на клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид е пренесен на лекување во Софија

Ана Ололовска