Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Оштетено возилото на Марија Митева член на Извршниот Комитет и Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата проследена со фотографии од искршеното возило ја објави токму Митева на Фејсбук.

Според неа позадината за оштетување на нејзиното возило е политичка.

„ Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.

Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има.“ напиша Митева

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Ѓорѓиевски се сомнева како мнозинството граѓани дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, има сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

А1он

Нови правила за одобрување возила

Поради пожарите: Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2025“