Исечена трската кај езерската полиција во Охрид

Од:

Во кругот на езерската полиција во Охрид деновиве беше исечена поголема површина од околу 400 м2 трска. Не само што беше исечена, туку на нејзино место интензивно се работи на бетонирање на тој простор, а забележително е присуство и на градежна механизација.

За сега нема реакции ниту од екологистите ниту од Хидробиолошкиот институт како надлежна научна институција околу сечењето на трската кое претставува природно мрестилиште на сите видови риба.

Според извори на А1, Езерска полиција за сечење на трската побарала дозвола од Министерството за екологија. Било побарано и дадено стручно согледување за состојбата со трската по што министерството издало дозвола за нејзино сечење велат полициски извори за А1. Од Езерската полиција во Охрид рекоа дека немаат никакви ингеренции да даваат какви и да било изјави, и дека за секое прашање писмено треба да се обратиме до Министерството за внатрешни работи, од каде требало да им дадат дозвола да даваат изјава.

 

„Се надевам дека се обезбедени, ако се обезбедени потребните дозволи. Сепак оние кои ги дале тие дозволи треба да преиспитаат дали е тоа доззволиво треба и зошто тоа се прави. Недопустливо е уништување на крајбрежниот дел, крајбрежната флора без разлика на тоа колку е таа стара. Тука во делот на трската се мрести крапот и други видови риби, а преставува и живеалиште и за многу други животински видови. Тоа ќе доведе до нарушување на целата еколошка стабилност на езерото и пошироко“, рече Сашо Точко, од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство