Исцрпени средствата за субвенции за електро тротинети

Од:

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 15 часот се пристигнати 109 барања.

Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат.

Со јавниот повик за субвенции за купување на електрични тротинети, граѓаните на подрачјето на градот Скопје имаа можност да набават електро тротинети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Оваа е една од мерки кои Градот Скопје ги презема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз. Годинава беа доделени и 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Земјоделците бараат корекции на програмата за субвенции

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Трипуновски: Нови услови за субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците