Исчистени улиците во Центар

Од:

Вработените во општина Центар и зимската служба ноќеска ги поминаа и ги исчистија сите улици кои се под надлежност на општина Центар. Континуирано се чистат улиците во Мало Курило, Долно Водно и Водно. Исчистени се и улиците Ѓуро Ѓоновиќ и Пролет и сите приоди до детските градинки и до училиштата.

Во текот на ноќта фрлени се 50 тони сол или вкупно со почетокот на снегот фрлени се 110 тони сол на улиците во Центар.

Се чисти со неопходната механизација, но и рачно вработените ги чистат улиците и тротоарите. Комуналната инспекција на општина Центар ги предупредува субјектите согласно Законот за комуналните дејности да го исчистат просторот пред влезовите.

Надлежните се подготвени доколку повторно падне снег да излезат на терен и да ги исчистат сите критични точки и улици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар